Челниците на Пари Сен Жермен го чекаат Нејмар да дојде и да се приклучи на подготовките, а Бразилецот ужива во родната земја. Нејмар целосно закрепна од повредата на зглобот на ногата, која ја здоби непосредно пред стартот на Копа Америка.
Иако требаше да биде главна ѕвезда во тимот, Нејмар го пропушти цел турнир, но и без него Бразил стигна до златото и тоа по пауза од 12 години. Само што заврши Копа Америка, Нејмар повторно покажа дека е активен подготвен за игра, но очигледно не во дресот на ПСЖ.
Голгетерот ужива на плажите во Бразил, каде игра „фудбалска одбојка“ со своите пријатели. Ако се знае дека до неодамна имаше повреда на зглобот на ногата, а на песок многу лесно може да се превитка зглобот, тогаш тоа е голем ризик за Бразилецот, кој делува многу задоволно.
Pendant ce temps-là au Brésil, Neymar profite de ses "vacances" pour jouer au foot volley pic.twitter.com/om7oOdnY0S
— Daily Mercato (@DailyMercato) July 10, 2019