Нејмар се враќа во гигантот во којшто ја започна европската авантура?!

Бразилскиот репрезентативец Нејмар сака да се врати во Европа и наводно веќе го избра новиот клуб. Тој е одлучен налето да го напушти саудискиот Ал-Хилал и сака да се врати во тимот во којшто ја започна европската авантура.

Според „Бар Каналетес“, Нејмар го известил претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, дека сака се врати на „Камп ноу“. Наводно, Нејмар има одлични односи со Лапорта, кој немал ништо против оваа идеја и наводно веќе почнал да работи на реализација на овој трансфер.

Еден од условите за да се реализира трансферот е во летниот преоден рок да биде продаден главниот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести