Прекинот на француското првенство може да биде причината на која ќе се вади Нејмар за да бара заминување од ПСЖ. Ѕвездата на париските Светци сака да си замине од „Паркот на принцовите” и да се врати во Барселона, а прекиниот на сезоната во Франција е перфектна причина за да побара трансфер.
Нејмар е во родниот Бразил и не делува многу заинтересирано за фудбал. На последната фотографија која ја објави, тој опуштено си свири на акустична гитара.
Откако направи рекорден трансфер во летото 2017 година, Бразилецот одигра скромни 80 меча, а голем дел од престојот тој го мина на преговарачка маса за преговори за камбек во каталонскиот клуб. Нејмар очекуваше да освои ЛШ и да стане најдобар играч на светот, но работите не се одвиваа според неговиот план и сега 28-годишниот фудбалер сака да си замине од ПСЖ.
На Нејмар му останува да го одигра четвртфиналето во ЛШ, но теоретски, можно е тој веќе никогаш да не заигра повторно за ПСЖ, иако трансферот нема да биде лесен бидејќи Барселона нема доволно пари колку што бараат од ПСЖ за човекот за кого платија 222 милиони само за отштета, а ако се додадат и платите кои му ги даваат, сумата е неверојатно голема.