Нејмар си обезбеди неверојатни бонуси во Ал-Хилал, 80.000 евра за секоја победа и 500.000 евра за секој убав збор за Саудиска Арабија

Нејмар успеа да се договори со Ал-Хилал и следните две години ќе ги помине во Саудиска Арабија, а при разговорите успеа да ги обезбеди неверојатни бонуси.

Желбата на Бразилецот беше да се врати во Барселона, од каде што во 2017 година замина, но трансферот не можеше да се реализира поради финансиските проблеми на шпанскиот шампион.

Поради тоа, Нејмар ја прифати понудата на Ал-Хилал, кој според бразилската телевизија Глобо, вкупно ќе плати 320 милиони евра, од кои 100 милиони ќе отидат во касата на ПСЖ како отштета.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1691113759060742144?s=20

Француски „Фут меркато“ пак пишува дека Нејмар успеал да си обезбеди големи бонуси, ќе добива по 80.000 евра за секоја победа на Ал-Хилал, додека на неговото конто ќе легнуваат 500.000 евра секојпат кога на социјалните мрежи ќе ја промовира Саудиска Арабија.

„Фут меркато“ пишува дека Нејмар во Саудиска Арабија ќе има на располагање приватен авион, исто како и Кристијано Роналдо, и ќе му биде дозволено да живее заедно со девојката Бруна иако не се во брак.

- Оглас -

Најнови вести