17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Нејмар славеше користејќи кафански израз на српски јазик?! (Видео)

Пласманот во првото финале на Лигата на шампионите донесе голема радост за ПСЖ, славењето беше големо кај нив и сега треба да се подготвуваат за финална битка со моќниот Баерн Минхен. Во соблекувалната на париските Светци, најголемите ѕвезди Нејмар и Мбапе се снимаа како пеат, но интересно е што кажа Бразилецот пред да почнат да пеат.

Тој кажа нешто што звучи како „Еј пази сад ово“ (Еј пази сега ова), што е израз кој се користи по кафеани пред да почне да се пее некоја песна. Дали Нејмар го научил ова од некој Србин или Србинка или сепак кажа нешто на португалски, а звучи како српски, не се знае. Во секој случај, забавно е да се чуе:

- Оглас -

Најнови вести