Капитенот на бразилската репрезентација Нејмар може да добие петгодишна затворска казна по обвиненијата за измама и корупција за време на неговиот трансфер од Сантос во Барселон, во 2013 година.
Следната недела ќе биде судењето на кое освен Нејмар, како обвинети ќе се појават и неговите родители, потоа двата клуба кои беа дел од тој трансфер, некогашните претседатели на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, како и експретседателот на Сантос, Одилио Родригез.
Бразилската компанија ДИС поседувала 40 отсто од правата на Нејмар додека беше дел од Сантос. Компанијата тврди дека фудбалерот бил продаден за многу помала сума од тоа што вредел.
The Brazilian company DIS, which owned 40% of Neymar’s rights, is asking for 5-year prison sentences for Neymar, Sandro Rosell and Bartomeu.
— @sport pic.twitter.com/E6TQT2K9Tg
— Barça Universal (@BarcaUniversal) October 13, 2022
„Правата за Нејмар не беа продадени на најдобрата понуда. Имаше клубови кои понудија и по 60 милиони евра“, вели адвокатот на ДИС, Пауло Насер.
Барселона објави дека трансферот на Нејмар од Сантос инесувал 57,1 милиони евра, од кои дури 40 милиони евра завршиле на контото на семејството на Нејмар. За ДИС останале тие 17,1 милиони евра, кои му биле платени на Сантос. Од ДИС бараат затворски казни за сите вмешани во овој скандал и парична казна од 195 милиони евра. За Нејмар се бара петгодишна затворска казна.