Бразил испадна во четвртфиналето на Светското првенство откако на пенали загуби од Хрватска, а најголемата бразилска ѕвезда, Нејмар немаше можност да шутира во пенал-рулетот. По елиминацијата, Нејмар не можеше да ги скрие солзите и плачеше, а сега, неколку дена подоцна, вели дека болката поради тој пораз, уште е исто силна.
„Поразот и понатаму многу боли. Бевме толку блиску. За жал или за среќа, уште не научивме да губиме, тоа е утеха за нашата болка. Благодарам на Катар за сѐ. Турнирот беше прекрасен. Животот оди понатаму. Време е да уживаме со семејството, со пријателите, да ја вратиме енергијата, затоа што ќе биде многу тешко да се живее со овој пораз. Уште боли и тоа многу боли“, беше пораката на Нејмар преку социјалните мрежи.
View this post on Instagram