Бразилскиот репрезентативец Нејмар со своето однесување на и надвор од терените ги налути сите во ПСЖ и сè поизвесно е дека ги брои последните месеци како фудбалер на Светците и налето ќе си замине од Париз, пишуваат француските медиуми.
Како следна дестинација на Нејмар се споменува Челзи, чиј газда Тод Боли, во последите два преодни рока потроши повеќе од 600 милиони евра на засилувања, но резултатите изостануваат.
Само еден ден по поразот од Баерн во осминафиналето во Лигата на шампионите, Нејмар настапи на турнир во покер кој се одржа во Париз, а потоа го налути и соиграчот Килијан Мбапе.
Имено, Бразилецот по настапот на турнирот во покер, заедно со своите пријатели замина во ресторан за брза храна.
„Го носиме со нас за да прави нормални работи“, напиша еден од неговите пријатели на социјалните мрежи.
https://twitter.com/misssingmsn/status/1626022806700826624?s=20
Таа објава предизвика реакција на Мбапе.
„За враќање во добра форма потребно е сите да бидеме здрави, да јадеме добро и да спиеме. Кога сме комплетни, можеме да играме офанзивен фудбал и на противниците нема да им биде мило да играат против нас“, изјави Мбапе.
Весникот „Ле Паризиен“ пишува дека е донесена конечна одлука Нејмар по завршување на сезоната да биде продаден и веќе е направен првиот конкретен чекор.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1626185152249450497?s=20
Во Париз се одржала средба меѓу претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, и сопственикот на Челзи, Тод Боли, на кој се разговарало токму за евентуалниот трансфер на Нејмар.