17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Нејмар „списка“ милион евра за два часа коцкајќи се на интернет (Видео)

Ѕвездата на ПСЖ и на бразилската репрезентација, Нејмар, закрепнува од операцијата на зглобот на ногата, а „досадата“ ја убива учествувајќи на турнири во покер и изминатите денови прокоцка милион евра за два часа на интернет.

Иако редовно настапува на турнирите во живо, овој пат Нејмар се коцкаше на интернет, а на платформата Твич во живо беше пренесуван „настапот“ на Бразилецот.

Бразилецот имаше интересна реакција откако загуби голема сума пари, прво имаше израз на лицето како да плаче, а потоа за неколку секунди почна да се смее.

Загубата на милион долари нема многу да го погоди Нејмар, иако станува збор за огромна сума, бидејќи тој во ПСЖ годишно заработува 35 милиони евра.

https://twitter.com/i/status/1640797889948536843

 

 

- Оглас -

Најнови вести