Фрустрацијата беше очиледна кај Нејмар на вчерашната средба против Наполи. Во неколку наврати не се согласуваше со одлуките на судијата Кујперс, а кон крајот на мечот, при еден негов протест, заработи жолт картон. Бразилецот не ги смири страстите по мечот и апелираше до УЕФА да реагира и да го заштити.
„Не ме засега што судиите можат да погрешат повеќе пати на еден натпревар. Ме иритираше начинот на кој се однесуваше со нас, не покажа ниту малку почитување. Го осудувам однесувањето на судијата, ми кажа нешто што не требаше, се надевам дека одговорните преземат мерки“, истакна Нејмар.
ПСЖ од Неапол се врати со еден освоен бод, а по четири натпревари во групата Ц, Ливерпул и Наполи ја делата првата позиција со по шест бода. Пет имаат „светците“, а четири бода има Ѕвезда по вчерашната сензационална победа над „црвените“ од Мерсисајд.