Пари Сен Жермен ќе мора да почека во некоја друга прилика да стигне до толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите затоа што францускиот првак синоќа загуби од Баерн Минхен во финалето на елитното натпреварување на УЕФА.
Ѕвездите како Нејмар и Мбапе не можеа да ѝ парираат на германската фудбалска машинерија од Минхен. Баерн до трофејот стигна со победи во сите натпревари во ЛШ сезонава, што е прв клуб кому му успева такво нешто. По завршувањето на финалето, Нејмар плачеше како мало дете поради неуспехот да стигне до трофејот.
Бразилецот на крајот сепак спортски му честиташе на подобриот, но направи една ненамерна грешка. На својот твитер-профил Нејмар го згреши името на Баерн Минхен, па му честиташе на Баер.
„Поразот е дел од спортот. Дадовме сè од себе и се боревме до крајот. Им благодарам на сите за поддршката и честитки за Баер“, напиша Нејмар.
По овој твит на Нејмар, веднаш реагираа од Баер Леверкузен, кои „зачудено“ делуваа зошто Нејмар ним им ја честита европската титула. „Благодариме, но тоа не сме ние“, пишува во реакцијата од Баер.
thank you, but again, unfortunately that was not us 😂 https://t.co/Mv9s4uIDTh
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) August 23, 2020