Нејмар за време на еден концерт во Бразил, се качи на сцената и оптимистички најави дека неговата репрезентација може да ја освои шестата светска титула следното лето на СП во САД, Мексико и Канада.
И не само тоа, Нејмар вети и дека ќе постигне гол во финалето.
Во моментов фактичката ситуација е дека Кариоките не се во првите 4-5 фаворити за златниот пехар, а Нејмар се мачи со повреди и можно е да не се најде во составот на селекторот Карло Анчелоти меѓу патниците на СП.
„Ќе направиме сѐ што е можно и невозможно за да го донесеме пехарот од Светското првенство во Бразил. Еј, Анчелоти, помогни ни! Ако стигнеме до финалето, ветувам дека ќе постигнам гол“, рече ѕвездата.

