Нејмар во 2020 година ќе чини 170 милиони евра

Нејмар ќе биде подостапен на трансфер-пазарот по крајот на сезоната 2019/20. Тој има клаузула во договорот со ПСЖ која ќе се активира откако Бразилецот ќе ја заврши и третата сезона во дресот на „светците“, а тогаш Нејмар ќе може да се купи за 170 милиони евра.

Ова му овозможува на Реал Мадрид да почне да прави калкулации за летото 2020 година доколку не успее да го ангажира Бразилецот во претстојниот преоден рок.

Од таборот на францускиот првак не размислуваат да се откажат од услугите на фудбалерот за кого потрошија рекордни 222 милиони евра, но се чини дека рацете ќе им бидат врзани откако оваа клаузула ќе биде достапна бидејќи таа може да ја активира кој било клуб.

Нејмар направи нов скандал пред неколку дена откако удри навивач по финалето со Рен во Купот на Франција, меч по кој ПСЖ остана уште без еден трофеј по поразот во пенал-серијата. Набрзо потоа се вратија и шпекулациите дека тој не е среќен во Париз и би можело да ја смени средината, а тоа може да се случи веќе следната година.

 

- Оглас -

Најнови вести