Нејмар во проблеми, прво се повреди, потоа имаше обид за киднапирање на неговата ќеркичка, а сега доби тужба од куќна помошничка

Најголемата бразилска фудбалска ѕвезда, Нејмар, изминатите 40-тина дена поминува низ тежок период во животот. Тој прво доживеа тешка повреда поради која предвреме ја заврши сезоната, потоа имаше обид за киднапирање на неговата ќеркичка, а сега доби тужба.

Весникот „Ле Паризиен“ пишува дека во Судот за работни спорови во Париз е поднесена тужба против Нејмар од негова поранешна куќна помошничка. Таа го тужи Нејмар за работа на црно, за понижувачки работни услови и за неплатена прекувремена работа и бара отштета од 368.000 евра.

Според „Ле Паризиен“, Бразилката која немала француска работна дозвола, работела по 60 часа неделно во апартманот на Нејмар додека тој настапуваше за ПСЖ.

„Од јануари 2021 година до октомври 2022 година Нејмар ја користеше неизвесноста околу работната дозвола на нашата клиентка за да ѝ наметне недостојни работни услови притоа кршејќи ги основните права од законот за работни односи“, соопштија адвокатите на Бразилката, Мес Каролин Тоби и Венсан Шампетие.

- Оглас -

Најнови вести