Бразилскиот фудбалер Нејмар во голем стил пристигна во Саудиска Арабија. Принцот Ал Валед бин Талал по Нејмар испрати Боинг 747 за да го доведе од Париз во Ријад. Ал-Хилал е новиот клуб на Бразилецот, откако на Пари Сен Жермен му беа исплатени 100 милиони евра за реализација на овој трансфер.
Нејмар ќе заработи по 150 милиони евра по сезона, а договорот е на две години. За да дојде во Ријад, тој барал да има вила со 25 соби, сауна, базен, како и осум работници кој остојано ќе му бидат на располагање.
Да биде се во голем стил уште од самото доаѓање се погрижи Принцот Бин Талал кој по Нејар го испрати најлуксузниот авион Боинг 747-400. Овој авион поседува неколку спални соби и златен престол.
https://twitter.com/i/status/1692169548697346207