Нејмар вреска од болка додека тројца го држат (Видео)

Нејмар уште е на рехабилитација по тешката повреда на коленото, а лоша вест е дека тој нема да биде подготвен ниту за настап на Копа Америка. Капитенот на бразилската селекција се повреди во репрезентативниот дрес на дуелот против Уругвај пред два месеца, а сега преку видеоснимка покажува колку е болно закрепнувањето.

Додека лекарите се обидуваат да го закрпенат Нејмар, Бразилецот лежи и вреска од болка. Во еден момент дури тројца луѓе го држат, а еден од нив му го витка коленото. Во еден момент Нејмар дури и плаче од болка.

https://twitter.com/i/status/1737427685842763815

 

- Оглас -

Најнови вести