Пет милиони евра годишно секој посакува да има на својата сметка, а Нејмар тоа го добива од ПСЖ за бизарни ситници. Таа сума пари е дел од целокупниот договор кој изнесува околу 40 милиони евра.
„Етничка клаузула“, така стои во договорот, а Нејмар не смее да споделува политички или религиозни ставови секогаш кога ќе биде во близина на фанови на ПСЖ, да ги отпоздрави и да им даде некој автограм, тука е и клаузулата во која стои дека не смее да го критикува клубот.
Бразилецот во мај годинава го потпиша новиот договор со ПСЖ, а тој е со времетраење до 2025 година.