Документарниот филм „Перфектен хаос“ посветен на животот на бразилскиот фудбалер Нејмар ја имаше својата премиера.
„Сакав вакво нешто бидејќи ме претставува во вистинското светло. Документарецот покажува кој е вистинскиот Нејмар. Не ми е гајле што мислат другите за мене и дали ме критикуваат што одам на забави. Тоа е мој живот и правам што сакам. Ме критикуваат повеќе отколку што заслужувам и тоа е тешко за мене, за семејството, за пријателите. Јас сум Бетмен, но ако не ме познавате, мислите дека сум Џокер“, вели Нејмар.
Нејмар раскажува за првото искуство во Европа, кога како 14-годишен беше на проба во Реал Мадрид, потоа како фризурата на Мохиканец му донела многу спонзори и пари како тинејџер додека беше во Сантос, а незаобиколна тема беше и трансферот од Барселона во ПСЖ, кој е рекорден и најскап во историјата на фудбалот.
Бразилецот по две години во Париз, сакал да си замине, но не затоа што има нешто против клубот и фановите, туку бидејќи чувствувал дека на друго место би бил посреќен, но сепак остана во ПСЖ.