Пари Сен Жермен беше подобар од корејскиот Јеонбук со 3-0 во пријателски меч кој мина во знакот на Нејмар.
Бразилецот го одигра својот прв меч од 19 февруари наваму (Нејмар и тогаш постигна гол) и беше стрелец на двата гола, а му асистираше на Марко Асенсио при третиот погодок, кој беше убав со шут од далечина. Првиот гол беше со многу среќа бидејќи по мајсторскиот дриблинг, Нејмар шутна, а топката се одби од противнички играч и прво удри во статива пред да влезе во голот.
Меѓу стартерите на ПСЖ беше и Етан Мбапе, помладиот брат на Килијан Мбапе. Килијан веројатно веќе нема да игра за Светците, но тимот нема да остане без играч од семејството Мбапе.
Ова е голот на Нејмар за водство од 1-0:
Jeonbuk vs PSG Live Score.#PSGJBFC 1-0 [HT]pic.twitter.com/T6e5fB7Haf
— PSG vs Jeonbuk Live Stream (@psgstrms) August 3, 2023