Нејмар заработи 30 милиони евра за само пет одиграни меча, а сега падна на тестот за подготовеност

Во август минатата година, Нејмар реши да си замине од Пари Сен Жермен и потпиша двегодишен договор со тимот на Ал-Хилал во Саудиска Арабија. Неверојатно делуваше овој потег на Бразилецот да замине во Саудиска Арабија, но едноставно тој не можеше да одолее на понудата да заработи 300 милиони евра за две години.

Сега, една година подоцна, се гледа дека Нејмар е најголемото промашување во историјата на фудбалот. Бразилецот досега одигра само пет меча за Ал-Хилал, во кои на теренот помина само 386 минути. Во октомври минатата година ги повреди вкрстените лигаменти на коленото и тоа додека играше за Бразил и уште не е опоравен.

Според тоа, Нејмар за секој меч во дресот на Ал-Хилал заработи по 30 милиони евра, или попрецизно, му следуваат 390.000 евра за секоја минута на теренот помината во дресот на тимот од Саудиска Арабија.

И без Нејмар, Ал-Хилал имаше одлична сезона. Минатата сезона го освои трофејот во првенството и пехарот во Купот, а постави и светски рекорд по бројот на најмногу победи по ред (34 пати во низа се радуваше овој тим). Оваа сезона Ал-Хилал ја започна со нов трофеј и тоа во Супер купот на Саудиска Арабија, а по првите две кола во домашното првенство има две победи и е лидер на табелата.

И во новата сезона нема абер дека Нејмар за брзо време ќе се врати затоа што не го помина тестот за подготвеност, па Ал-Хилал и во следниот период ќе биде без услугите на Бразилецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести