Теленовелата „Нејмар“ по сите изгледи ќе добие краен епилог кој ретко се очекуваше. Иако извесно време читаме како ПСЖ и Барселона бараат начин да реализираат уште еден трансфер во кој е вклучен Бразилецот, овојпат во спротивна насока се чини дека ѕвездата на Светците ги разреши сите дилеми со одговорот кој го даде во интервју за реномираниот француски медиум.
„За мене се пишуваат секакви глупости, но факт е дека само блиските луѓе околу мене знаат кој сум јас навистина. Среќен сум и уживам во работата, не разбирам зошто би го напуштил Париз. Ми останаа уште две години со ПСЖ, клубот и натаму е во процес на развивање. Како и секоја сезона, па така и оваа нашата цел е да освоиме што е можно повеќе трофеи, а секако приоритет е Лигата на шампионите“, изјави Нејмар.
Дали тоа значи дека Бразилецот до крај ќе го испочитува договорот со Светците, односно ќе одбие враќање во Барселона, или пак евентуална преселба во Реал Мадрид, останува да се види.