26.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Нејт Дијаз се враќа во октагонот по три години пауза

Нејт Дијаз ќе го направи долгоочекуваниот камбек во октагонот во август годинава. Американецот по цели три години повторно ќе се бори, а противник на УФЦ 241 ќе му биде поранешниот шампион во лесна категорија Ентони Петис. Оваа потврда стигна од првиот човек на првенството во мешани боречки вештини, Дејна Вајт.

Дијаз последен пат се бореше во август 2016 година на УФЦ 202, кога загуби од Конор Мекгрегор. Иако првичниот план беше Дијаз да се бори со Дастин Поирир во ноември минатата година, но неговиот противник го откажа мечот поради повреда.

Искусниот американски борец ќе има тежок предизвик во пресрет на камбекот во октагонот бидејќи Петис импресионираше по дебито во категоријата велтер вејт, совладувајќи го Стивен Томпсон.

 

- Оглас -

Најнови вести