Нејтан од Виетнам е нов газда на Крсте Велкоски и Сараево

Нгуен Ноами Нам, или скратено Нејтан од Виетнам е новиот сопственик на мнозинскиот пакет акции на босанскиот гигант Сараево.

Капитенот на тимот Крсте Велкоски има причини за задоволство бидејќи е најавен голем проект, што би требало да кулминира со учество на ФК Сараево во фазата по групи во Лигата на шампионите.

„Неодамна со моите партнери купивме 60 проценти од уделот во сопственичката структура на Сараево, тим со богата традиција. Се надеваме дека веќе следната сезона ќе го исполниме сонот на сите што се приврзаници на „бордо-боите“ и дека клубот ќе игра во Лигата на шампионите“, изјави новиот мнозински сопственик во клубот.

Актуелен претседател е Валентин Илиевски, роден Македонец од Куманово, а не се знае дали тој ќе остане на челната функција во клубот што досега беше под патронат на малезискиот газда Винсент Тан.

Неодамна Велкоски го продолжи договорот со Сараево до 2021 година.

 

- Оглас -

Најнови вести