Калин Ивановски игра меч за македонска тениска историја денеска точно напладне и може да биде првиот четвртфиналист на гренслем-турнир од нашата земја ако пак го победи Литванецот Едас Бутвилас.
Лани нашиот најдобар јуниор успеа да го победи истиот ривал со 7:6, 7:6, но тогаш во меч за осминафинале.
Сега пак ќе играат меѓу себе, а и двајцата одлични јуниори имаат историска шанса за пласман во четвртфинале на неофицијалното светско првенство во тенис.
Македонија досега никогаш немала тенисер или тенисерка во која било конкуренција со настап во четвртфинале на гренслем-турнир и Калин со победа ќе испише историја.
Бутвилас е фаворит, тој сега е осми носител на јуниорскиот турнир во Лондон, но Ивановски знае како да игра против него и има биланс од 1:0 во меѓусебните дуели.
Мечот ќе се игра како прв на теренот број 4 на Вимблдон со директен пренос на Спорт клуб.