Нека биде со пласман на Мундијал: Трајковски ја брка „100-ката“ на селекторот

Александар Трајковски беше херој во победата над Италија во Палермо во првиот бараж-меч за пласман на Светското првенство во 2022 година, а сега брка несекојдневен јубилеј.

Само двајца фудбалери во историјата на фудбалската репрезентација на Македонија имаат трицифрен број настапи. Тоа се актуелниот селектор Гоце Седлоски, кој има 100 настапи, како и најдобриот фудбалер во историјата на Македонија, Горан Пандев, со 122 натпревари во дресот со државниот грб.

Веднаш зад нив е токму Александар Трајковски, кој уште месецов може да се израмни со селекторот Седлоски. Офанзивецот досега има 98 настапи, па доколку добие шанса да игра во Копенхаген, но и на вториот меч против Чешка или Ирска, ќе стигне до бројката од 100 настапи за репрезентацијата на Македонија.

Трајковски досега има одиграно над 5.000 минути за Македонија и има постигнато 24 гола, што го прави втор на листата со стрелците, веднаш зад Горан Пандев, кој е рекордер и во овој сегмент со 38 гола.

- Оглас -

Најнови вести