Репрезентацијата на Црна Гора освои максимални шест бода во првите две кола од квалификациите за Светското првенство 2022 година и со многу оптимизам го чекаат вечерашниот меч во Подгорица против Норвешка. Норвежаните не блескаа, но тие се опасен тим во кој главна ѕвезда е младиот Ерлинг Халанд, еден од најопасните голгетери на светот.
На синоќешниот тренинг во Подгорица, Халанд даде еден феноменален гол и потврди дека Црногорците не треба да ги залаже податокот дека тој не даде гол. Ерлинг е фудбалски ѕвер, кој во секој момент може да експлодира.
Погледнете каква бомба испрати Халанд во мрежата:
https://twitter.com/i/status/1376730144459653125