Нека свети и да се множат – Лично е новото лого на Вардар со две шампионски ѕвездички

Ракометниот клуб Вардар го смени официјалното лого и сега клупскиот симбол е со двете ѕвездички, за двете шампионски круни во Лигата на шампионите.

Во третиот настап на фајнафор турнирот во Келн, вардарци приредија нов подвиг и се закитија со втората европска круна.

Слатките победи против Барселона во полуфиналето и со Веспрем во финалето, повторно го искачија Вардар на врвот на Европа, па во таа чест повторно се менуваше клупскиот симбол.

На него сега се двете шампионски ѕвездички од Лигата на шампионите, комбинирани со „црвено-црната“ боја и годината на основање, 1961.

- Оглас -

Најнови вести