Нека трае долго – Сефте дуел во Ла Лига на Димитриевски и Барди

Рајо Валјекано и Леванте ќе ја спуштат завесата во Ла Лига со последниот меч во најсилната шпанска лига, денеска од 18,30 часот, а ова ќе биде прв меѓусебен меч за двајцата наши репрезентативци, Столе Димитриевски и Енис Барди.

На „Валјекас“ во Мадрид, се очекува и двајцата да бидат во стартните состави на своите екипи, а ќе биде интересно во моментите кога ќе има слободни удари за гостите од Валенсија.

 

Барди е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари, не само во Шпанија, туку и во Европа, па во такви моменти Димитриевски ќе биде на мака.

Интересно е што на последните пет меѓусебни дуели на овие две екипи, победувал домаќинот, а последните два се одиграни во Сегунда во сезоната 2016/17.

 

- Оглас -

Најнови вести