Некогаш беше страв и трепет, го викаа Железниот Мајк, а сега се движи во количка и со бастун!

Боксерската легенда Мајк Тајсон на 19 години стана најмлад светски првак во тешка категорија, најчесто во прва рунда ги нокаутираше противниците, се стекна со светска слава, но тоа беше пред повеќе од 30-35 години, сега реалноста е поинаква.

Тајсон има 56 години, а на аеродромот во Мајами беше фотографиран од фанови, кои сакаа да се сликаат со него. Она што загрижува е дека Тајсон беше во инвалидска количка, а во рацете држеше бастун.

Се зборува дека Тајсон страда од ишијас и поради тие проблеми со долниот дел на грбот не може да оди без помагала.

- Оглас -

Најнови вести