Некогаш беше ѕвезда во Серија А, сега е мафијаш кој ќе оди во затвор

Фабрицио Миколи пред една декада беше еден од најдобрите фудбалери во Серија А.

Но, поранешниот фудбалер сега ќе биде затвореник поради изнуда и соработка со италијанската мафија.

Миколи ќе мора да одлежи затвор од три години и шест месеци и иако со своите адвокати најави жалба на оваа одлука, сепак, според медиумите во Италија, тешко дека таа ќе биде уважена.

Миколи промени голем број клубови во оваа држава, меѓу кои Палермо, Јувентус и Фиорентина, а своевремено го носеше дресот на Аѕурите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести