Некогашен играч на Рома даде гол со шут од 70-тина метри (Видео)

На натпревар во италијанската Серија Ц меѓу екипите на Фано и Имолезе, Роберто Карњелути, дефанзивецот на домашните, постигна прекрасен гол каков што ретко се гледа на фудбалските терени. Тој даде гол со шут од својата половина. Забележа дека голманот на Имолезе е многу излезен напред и со силен и прецизен шут го лобуваше, шокирајќи ги сите.

Овој гол не беше доволен за Фаро да избегне пораз, Имолезе победи со 1-2, но погодокот на 21-годишниот Роберто, кој е дете на Рома, вреди да се види:

https://www.youtube.com/watch?v=oBg6l5ZZIoY&feature=emb_logo

 

- Оглас -

Најнови вести