Некогаш мора и да загубиме финале, нели?

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го тешеше капитенот Лука Модриќ при доделувањето на трофејот по тешкиот пораз на Реал од Барселона во финалето на Суперкупот од 2-5.

Камерите го фатија Перез како му вели на Хрватот: „Понекогаш мораме да загубиме финале, нели?“

Во Кралскиот клуб не се навикнати да губат финалиња, а синоќешниот пораз е посебно болен затоа што беше од ривалот Барселона и што тимот одигра лоша одбрана и прими пет гола. Претходното финале во кое Реал примил 5 гола беше во 2007 година против Севилја, истотака во шпанскиот Суперкуп.

Модриќ пак за медиумите изјави дека ова е фудбал и има победи и порази.

„Никогаш не е убаво да се загуби, но ако треба да се избере пораз во финале, тогаш подобро во Суперкупот. Разочарани сме, жал ни е и за навивачите. Не е убаво кога најголемиот ривал ти дава 9 гола на два меча. Мора да им честитаме, тие беа подобри и тоа е тоа“, рече Модриќ по натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести