Некогаш најсигурната е најтешка да се погоди: Промаши 1.35 коефициент и не ќари 100.000 денари (Фото)

За време на викендот секогаш има најголеми возбудувања во светот на фудбалот, а со тоа и во светот на обложувањето. Еден интересен тикет, кој за жал на крајот е недобитен, беше уплатен во Виница во петокот.

Со вложени само 100 денари, на тикетот има наредено 20 фудбалски парови, а на крајот погодени се 19, но погодена е една „бомба“ поради која тикетот на крајот е недобитен.

Тактиката била да се одигра фиксови на фаворитите, но има и комбинации во игра на голови. Интересно е тоа дека мечевите кои се одиграни се со квоти од 1.20 до 1.68, а вкупниот коефициент на тикетот е 1.163.

На крајот погодени се 19 парови, но дуелот во француското првенство меѓу Лил и Ле Авр е причината зошто обложувачот сега не е побогат за 98.924 денари. Домаќините беа големи фаворити на овој меч, па затоа и коефициентот за „кец“ беше само 1.35. Ле Авр имаше освоено само 14 бодови во претходните 20 натпревари во првенството и беше последен на табелата.

Сепак, Ле Авр токму на ова гостување кај Лил направи изненадување. Гостите поведоа со 0:1 38 минута, а во 56 минута веќе беше 0:2. До крајот на средбата, Лил постигна само почесен погодок, кој не значеше ништо за овој тикет уплатен во Виница, кој на крајот остана недобитен поради една сензација во француското првенство.

- Оглас -

Најнови вести