13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Некогаш треба да се игра и контра: Милан, Реал, Арсенал и Бенфика се посрамотија

Во вечерниот неделен термин на програмата беа неколку интересни мечеви на коишто играа фаворити од големите европски лиги. Милан, Арсенал и Бенфика играа на свој терен и се очекуваше да освојат по три бода во дуелите со Верона, Астон вила и Брага.

Сепак, дека имињата на клубовите не играат, туку се зависи од фудбалерите на теренот, се покажа и во овие три случаи. Арсенал претрпе дебакл и загуби со 0:3, а трите бода заминаа за Бирмингам. И Бенфика губеше дома со 0:3, но до крајот се избори за попристоен пораз од 2:3. Милан губеше со 0:2, па Росонерите имаа време и да се вратат и да се спасат од пораз. На крајот на „Сан Сиро“ беше 2:2 и Росонерите се единствени фаворити кои вечерва освоија барем бод.

Од фаворитите, единствено гостуваше Реал Мадрид, па на крајот и најубедливо загуби. Валенсија на „Месталја“ секогаш е негостопримлив домаќин, а Кралскиот клуб иако поведе со 1:0, на крајот прими четири гола и загуби со 4:1. На овој меч беше испишана и историја затоа што за првпат во текот на 90 минути беа досудени три пенали против Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести