Некогаш вредеше 30 милиони евра, колку би вредел сега Рио Фердинанд?

Еден од најдобрите дефанзивци во историјата, Рио Фердинанд, се прослави играјќи за репрезентацијата на Англија и за екипата на Манчестер Јунајтед.

Во 2002-рата година беше купен од страна на “црвените ѓаволи“ од Лидс за 30 милиони евра и во тој момент беше најскапиот дефанзивец во историјата и англиски фудбалер за кого е платено највисокот обесштетување.

Но, колку би вредел денес играч како Рио Фердинанд? Тој самиот има интересен коментар на ова прашање.

– “Некогаш вредев 30 милиони евра. Со оглед на моменталниот тренд на пазарот, мислам дека денес би вредел околу 170 милиони евра. Да, навистина го мислам тоа, 100 милиони денес би било малку за играч каков што бев јас.“ – одговори Фердинанд.

- Оглас -

Најнови вести