Вчера пишувавме за тикетот кој беше уплатен во Тетово и за којшто обложувачот имаше наредено 13 натпревари и со само 50 вложени денари, добивката изнесуваше 445.413 денари. Неверојатно делуваше вкупниот коефициент од 10.480 и сигурно лудост е некој да помисли дека тој можело да биде добитен.
Но, по одигрување на 12-те натпревари во вторникот, сите парови беа погодени и остана само средбата меѓу Глазгов ренџерс и Килмарнок која се играше во средата. Комбинацијата беше Глазгов ренџерс да победи во меч на којшто ќе има барем три погодоци, што носеше квота од 1.76.
Сепак, обложувачот реши да не ризикува и веќе во средата наутро замина на кеш-аут исплата на тикетот и си кешираше точно 214.603 денари без да го чека исходот од дуелот во Шкотска.
Овој обложувач не ризикуваше и на крајот тоа се покажа како погрешно. Глазгов ренџерс без многу мака славеше над Килмарнок, и тоа со убедливи 6:0, што значи дека добитна ќе беше комбинацијата која се чекаше на тетовскиот тикет, и тоа „кец со 3+“.
Доколку решеше да не побара кеш-аут исплата, обложувачот ќе ја добиеше комплетната добивка од 445.413 денари. Освен оваа добивка, на обложувачот ќе му се насмевнеа и дополнителни 120.000 денари од акциската игра Среќна 13-ка.
На тикетот кој е уплатен со СЛ картичка имаше точно 13 пара, што значи дека ќе беше дел од оваа акциска игра за Среќна 13-ка и со погоден вкупен коефициент од неверојатни 10.480, тешко дека ќе имаше некој кој ќе го надминеше овој подвиг, па на крајот од месецот ќе кешираше дополнителни 120.000 денари.
Вака обложувачот кој реши да не ризикува сигурно е задоволен и со 214.603 денари, но нема дилема дека многу посреќен ќе беше ако добиеше 445.413 денари и речиси сигурни дополнителни 120.000 денари од Среќна 13-ка. Ако тоа се собере, вкупната добивка на овој тикет можеше да достигне точно 565.413 денари, односно точно дури 350.810 денари повеќе од тоа што го доби без да почека да се одигра дуелот меѓу Глазгов ренџерс и Килмарнок.