Светот неколку часа беше во шок откако се појави информација дека во Москва на протестите против Владимир Путин е уапсен Даниел Агер, некогашниот дански фудбалер на Ливерпул. Сите се чудеа што бара Агер во Русија и од каде неговата поддршка кон водачот на опозицијата Алексеј Навални.
Агер бил уапсен во саботата и се соочува со парична казна, плус хуманитарна работа, а ако одбие, му следува затвор од 14 дена. Но, станува збор само за недоразбирање.
Ексфудбалерот на Брондби и Ливерпул се огласи преку социјалните мрежи и објасни дека не е тој човекот кој е уапсен во Москва. Таму е уапсен некој друг човек со име и презиме Даниел Агер, но извесниот има четири години повеќе од Данецот.
„Тука дојде до конфузија. Никогаш не сум кажал дека постои само еден Даниел Агер на светот. Сега знаеме дека тоа е така. Даниел Агер кој е спомнат во инцидентот во Москва, не сум јас. Јас сум добар и се наоѓам во Шпанија“, порача Агер, кој кариерата како играч ја заврши во 2016 година и сега е мајстор за изработка на тетоважи.