Некогашен голман на Челзи, вечерва се бори за титула во ММА

Бразилецот Рикардо Прасел е 32-годишен борец кој вечерва ќе се бори за титула во тешка категорија во европската ММА организација КСВ, а интересно е што тој во минатото беше талентиран голман кој беше член на лондонски Челзи.

Во тоа време, кога Прасел имаше 18 години, соиграчи му беа ѕвезди како Дидие Дрогба, Френк Лампард, Михаел Балак и останатите, но немаше ниту еден настап на Сините, бидејќи прв голман беше одличниот Петр Чех.

Прасел на 22 години ја заврши фудбалската кариера, кога се повреди бранејќи за Лиеж. По препорака на лекар ортопед, за време на рехабилитацијата од повредата на колкот почнал да тренира џиу-џитсу, и видел дека има талент, па се „прешалта“ на мешаните боречки вештини.

- Оглас -

Најнови вести