21.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Некогашен играч на Валенсија ќе го води Челзи во четвртфиналето против Реал Мадрид

Јулијан Нагелсман е главен фаворит за преземање на менаџерската функција во Челзи, но германскиот стручњак можеби ќе ги преземе Сините по завршувањето на сезонава, а дотогаш екипата ќе ја води досегашниот помошник Бруно Салтор.

Салтор е Шпанец и пред него се огромни предизвици, ќе треба утре да го води тимот во дуел против Ливерпул, а следната среда му претстои битка со шпанскиот гигант Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Салтор е поранешен фудбалер, играше како десен бек, а во кариерата ги има носено дресовите на Еспањол, Химнастик, Леида, Алмерија, Валенсија и Брајтон. Се повлече на 39 години, а потоа остана во Брајтон како помошник на Греам Потер, кој пред неколиу месеци го повлече со себе и во Челзи.

- Оглас -

Најнови вести