Некогашната ѕвезда на Словенија имал други планови: Мислев дека овој период веќе ќе бидам на море

Словенија е едно од најпријатните изненадувања во досегашниот дел од Европското првенство, откако во трите меча од групната фаза не загуби ниту еднаш. Словенците одиграа три нерешени средби и тоа против Данска, Србија и Англија, а тоа беше доволно да се пласираат во осминафиналето.

Јосип Иличиќ кој има 36 години и е еден од најискусните во тимот на Словенија, вели дека е изненаден што неговата селекција уште е дел од ЕП и дека тој имал други планови за овој период.

„Среќни сме што успеавме да ја поминеме групата. Дали очекував Словенија да игра во осминафиналето? Мојот план беше овој период да бидам на море“, вели Иличиќ кој цели 12 години играше во италијанската Серија А за екипите на Палермо, Фиорентина и Аталанта. Ветеранот влезе во последните 15 минути на дуелот против Англија и со неговото искуство успеа да внесе сигурност и стабилност, а Словенија да ги задржи почетните 0:0 против големиот фаворит.

Пред неколку години Иличиќ откри дека страда од депресија и се повлече од италијсната Серија А. Сепак, со неговото искуство, заслужи место во составот на Словенија и е драгоцен адут за селекторот Кек.

- Оглас -

Најнови вести