1819 Кил – Хамбургер (20:30 ч.)
Дерби во втората германска лига. Домаќините ја имаат најдобрата одбрана, но во нападот не може многу да се пофалат. Некогашниот европски првак Хамбургер се надева дека сезонава конечно ќе успее да стигне до едно од првите две места и да се врати во Бундеслигата.
Во изминативе две сезони во Цвајте, овие екипи играа четирипати, а Хамбургер нема ниедна победа (две ремија и два порази), па сигурно гостите веруваат дека сега е дојдено време за конечно да се израдуваат.
Предлог тип: 2 (2.10)
1350 Жирона – Лас Палмас (21 ч.)
Жирона го има вториот најслаб напад во Сегунда дивисион, а Лас Палмас е тим кој игра отворено, но сезонава во пет гостувања, нема ниту една победа. Реално, ова не се тимови од кои може да се очекува да бидат во горниот дел од табелата.
Предноста е на страната на домаќините, а според квалитетот, и еден потег може да го реши дуелот.
Предлог тип: 1Х&0-2 (1.80)
1646 Ајндховен – Дордрехт (18:45 ч.)
Фактот дека Дордрехт е најслабиот тим на гостински терен сезонава во втората холандска лига во Холандија, му дава реални шанси на Ајндховен да победи. Гостите на петте меча на туѓ терен сезонава примија дури 20 гола, односно во просек по четири на меч.
На последните два меча на кои Ајндховен беше домаќин на овој ривал, имаше гол-шоу. Ајндховен лани победи со 5:1, а една година претходно беше дури 8:1 за домаќините.
Предлог тип: 1&3+ (1.95)
1278 Шелбурн – Шемрок (20:30 ч.)
Гостите се големи фаворити и според моменталната форма и според традицијата. По 17 кола во ирското првенство, Шемрок е убедлив лидер (45 бодови) со двоцифрена предност во однос на второпласираниот Бохемијанс (34 бодови).
Шелбурн цели осум години нема победа над денешниот ривал, а сезонава е на осмото место на табелата само со 19 бода и само две екипи има со послаб биланс.
Предлог тип: 2 (1.52)
2843 УТА Арад – Газ Метан (19:30 ч.)
Домаќините се специјализираа за нерешени резултати во романското првенство, па во досегашните осум кола, дури петпати одиграа без победник. Арад е во добра форма и има пет меча без пораз (три победи и две ремија).
Газ Метан е тим од којшто се очекуваше подобар старт, но најмногу поради лошата одбрана, сега е на 12-тото место на табелата дури со пет порази. Традицијата е на страната на гостите, но формата е на страната на домаќините, па најдобро е да се игра на голови.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3II (1.97)