Македонија Ѓорче Петров може да игра против некогашниот европски првак Стеауа, одлучи ждрепката за квалификациите во Лигата на Европа во Нион.
Доколку „лавовите“ во првото коло успеат да го елиминираат Алашкерт, во второто претколо противник ќе им биде подобриот од двомечот Стеауа – Милсами.
Мечевите од второто квалификациско коло се закажани за 25 јули и 1 август, а Манкедонија ЃП ќе биде домаќин на првата средба.
Освен екипите кои се дел од Лигата на Европа, можниот противник за во второто претколо во Лигата на шампиони го дозна и првакот Шкендија.