5.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Некогашниот голман на Мец открива: Мбапе на теренот постојано навредува, пцуе мајки…

Поранешниот голман на Мец, Александар Оукиџа, во минатото имаше конфликт со Килијан Мбапе. Сега тој одлучи да ја разоткрие француската ѕвезда и да му покаже што всушност е. Оукиџа едноставно нема добро мислење за Килијан Мбапе, со кого имаше конфликт на теренот во септември 2021 година кога бранеше за Мец.

Голманот се упати кон француската ѕвезда откако Мбапе фрли нешто кон него.

„Го сакам Мбапе, но не може да се однесува така ако сака да бидеш сакан. Мора да бидеш поскромен“, рече тогашниот тренер на Мец, Фредерик Антонети.

Неколку години подоцна, Оукиџа одлучи да ја разоткрие француската ѕвезда велејќи дека навредите на теренот се составен дел од играта на Мбапе.

„Штом ќе се почувствуваше загрозен, без разлика дали тој или ПСЖ играа лошо, почнуваше да ги навредува мајките или противниците. Пцуеше. Ми рече: „Затвори ја устата, играчу“. Си реков: „Смири се или ќе го „избодеш“, ќе добиеш црвен картон и сè ќе ти се врати како бумеранг“, вели Оукиџа за сцената од 2021 година.

Мбапе беше еден од оние фудбалери на Реал кои најжестоко застана во одбрана на Винисиус јуниор, кој имаше конфликт со фудбалерот на Бенфика во дуелот од Лига на шампиони одигран во вторникот.

- Оглас -

Најнови вести