Марк Гонзалес е фудбалерот кој во сезоната 2006/07 одигра 25 меча во Прмеиер лигата за Ливерпул и даде два гола. Некогашниот чилеански репрезентативец кој играше и за Бетис, Реал Сосиедад, ЦСКА Москва, доживеа срцев удар, на само 36 годишна возраст. Лошата вест ја потврди неговата сопруга Маура Ривера.
„Љубов на мојот живот, моја сродна душа, каков шок ми приреди. Изминативе часови беа ужасни, исполнети со неизвесност. Престрашно“, напиша Ривера.
Гонзалес кариерата ја заврши во 2019 година во тимот на Магаљанес, а најдобрите денови ги помина во ЦСКА Москва каде се радуваше на две титули во руското првенство и два освоени Купа. Со репрезентацијата на Чиле триумфираше на Копа Америка во 2016 година, а за националната селекција одигра 56 натпревари.

