29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Некогашниот играч на МЗТ Скопје Аеродром со една безобразна песна направи хаос во српската кошарка (Видео)

Јован Теодосиќ, поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, се најде во центарот на скандал во српската кошарка поради навредите упатени кон селекторот Светислав Пешиќ. Јован е брат на прославениот Милош Теодосиќ, кој долги години беше и капитен на Србија, но на Европското првенство кое се игра во моментов не доби покана за настап од селекторот.

Јован Теодосиќ реши со навреди да му се „одмазди“ на Пешиќ за тоа што реши да се откаже од репрезентативните услуги на неговиот брат. На една снимка на социјалните мрежи се гледа како Јован пее навредлива песна на сметка на Пешиќ.

- Оглас -

Најнови вести