Поранешната голема ѕвезда на Вердер, Бразилецот Аилтон, кој во 2003/2004 беше прв стрелец во Бундеслигата и му донесе титула на клубот од Бремен, повторно заигра фудбал, додуша на аматерско ниво, пред полни трибини со 880 гледачи.
Пред да дојде Аилтон, клубот го следеле по десетина навивачи, а сега станаа хит благодарение на легендата која пред десет години се повлече од активното играње на професионално ниво.
Аилтон кој има 49 години, настапи за ТСВ Басум III, и даде гол со кој ги постави конечните 2-2 против екипата на Твистринген IV.
Иако има 49 години и голем стомак, Аилтон (во Бундеслигата даде 106 гола на 219 настапи) ги одиграл сите 90 минути, на задоволство на присутните, а најавил дека ова може и да не му биде единствен меч во дресот на Басум.
Голот што го даде, го прослави во стилот на Кристијано Роналдо:
https://twitter.com/i/status/1652966057391300620

