Некогашниот најдобар тенисер во светот ќе ја продолжи кариерата

Поранешниот најдобар тенисер во светот, Енди Мареј, ги израдува своите фанови со одлуката дека уште нема да оди во пензија, туку дека се враќа во врвниот тенис. На почетокот на оваа година, Британецот најави дека поради повредите, речиси сигурно ќе ја прекине кариерата, поради силните болки кои ги чувствуваше во колкот, а за кои мислеше дека нема да се најде лек.

Сепак, по направената операција и вметнатиот метален колк, Мареј вели дека болките му престанале и дека сака повторно да се врати во светскиот тениски крем.

„Полека напредувам. Добро се чувствувам. Болката помина. Ќе продолжам да играм. Нормално тренирам и полека влегувам во ритам. Најпрво ќе се фокусирам на играта во двојки, а до крајот на годината очекувам да се вратам и на дуелите од сингл конкуренцијата“, вели Мареј.

Проблемите на Мареј со колкот започнаа уште во 2017 година, па Британецот мораше да направи неколку принудни паузи. На почетокот на годинава беше пријавен за Отвореното првенство на Австралија, но непосредно пред мечот во првото коло, Мареј мораше да се предаде без борба, а со солзи во очите жалеше што не може да игра.

Мареј е единствениот тенисер кој во ерата на Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ успеал да дојде до челната позиција на АТП-листата.

Дел од најдобрите тенисери во моментов се во Штутгарт, на АТП-турнирот. Сите актуелни тениски мечеви може да ги уплатите во Sport Life обложувалниците.

 

- Оглас -

Најнови вести