23.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Некогашниот првак загуби со 8:1 во Втора лига

Некогашниот македонски фудбалски првак Победа од Прилеп ги живее едни од најтешките денови. Победа е дел од Втора лига, но таму игра очајно. Во рамките од петото коло, Победа на гости кај Скопје загуби со убедливи 8:1 и остана само на еден бод во досегашниот дел од првенството.

Победа вкупно има примено 20 голови, што значи дека во просек прима четири погодоци на меч. Само Големо Коњари е послаб тим од Победа и е без ниту еден бод во досегашниот дел од Втора лига.

Резултати: Детонит – Шкендија (А) 0:0, Скопје – Победа 8:1, Г. Коњари – Осогово 0:2, Саса – Брегалница 1:3, Новаци – Тетекс 1:0, Охрид – Кожуф 0:0, Преспа – Вардар (Н) 1:2, Слога (В) – Беласица 1:2.

Табела: Брегалница 13, Беласица 13, Кожуф 11, Шкендија (А) 11, Скопје 10, Новаци 9….

- Оглас -

Најнови вести