Некогашниот репрезентативец казнет со две години забрана за вршење функција

Некогашниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Славчо Георгиевски, е казнет со две години забрана за вршење на функцијата, беше одлучено од Дисциплинската комисија при ФФМ. Георгиевски е тренер на Кожуф, второлигашот кој се најде во центарот со скандалот на дуелот против Башкими. На споменатиот меч, Башкими победи со 2:1, и тоа со гол во 90+4 минута, а акцијата по која беше постигнат погодокот беше многу „сомнителна“.

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија врз основа на доставените извештаи и официјалните забелешки на својата седница донесе одлуки и отвори постапки за следните случаи:

Забрани за извршување функција:

–  Славчо Георгиевски, тренер на ФК Кожуф – забрана за вршење на функцијата во времетраење од 2 години;

–  Пепи Георгиев, технички директор на ФК Кожуф – забрана за вршење на функцијата во времетраење од 2 години;

Забрани за настап:

–  Енес Дервиши (ФК Гостивар) – забрана за настап на натпревари во времетраење од 1 месец;

–  Фабрице Тамба (ФК Шкендија) – забрана за настап на 1 натпревар;

–  Димитриј Попоски (ФК Брегалница) – забрана за настап на 1 натпревар;

–  Дамјан Серафимов (ФК Брегалница) – забрана за настап на 2 натпревари;

Поведени постапки:

–  Против ФК Шкендија АД поради користење пиротехнички средства на натпреварот ФК Шкендија – ФК Силекс;

–  Против ФК Македонија ЃП поради користење пиротехнички средства на натпреварот ФК Македонија ЃП – ФК Беласица;

–  Против ФК Кожуф поради прикривање и нерегуларности на натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими. Од таа причина веќе е поведена постапка против ФК Башкими;

–  Против Фетахи Фуркан, комесар за безбедност на ФК Башкими;

–  Против Кирил Стојков, поради добиен црвен картон на натпреварот ФК Кожуф – ФК Новаци;

–  Против играчи на ФК Кожуф (К.С.Ј.П.Б.К.Д.Б.) – за прикривање информации поврзани со натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими;

Исклучување од фудбалската организација:

Цане Милошески, претседател на ОФС Охрид, и Никола Цветкоски, секретар на ОФС Охрид, се исклучуваат од фудбалската организација и им се забранува вршење на каква било функција поврзана со фудбалот.

Одлуката е донесена по темелна постапка и претходни сознанија од одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластените службени лица од ОФС Охрид.

Извршена измама и доведувањето во заблуда, давањето лажни, неточни и непотполни податоци во Комет системот (увидот во Комет системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите), фалсификувањето записници за натпревари кои не се одиграни, измислената комплетна „Б“ општинска лига во рамките на ОФС Охрид, односно натпреварување кое не постои.

- Оглас -

Најнови вести