Некогашниот селектор на Македонија седнува на клупата на БиХ

Ивица Обрван е назначен за нов селектор на ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина. Хрватскиот стратег ја доби довербата од Управниот одбор на Ракометната федерација на БиХ, кој претходно му даде отказ на досегашниот стратег Билал Шуман.

Шуман неодамна потпиша нов договор, но по неколкуте квалификациски мечеви, одлуката беше тој да биде заменет. Првиот меч како селектор на БиХ Обрван ќе го има на 8 март, во квалификациите за ЕП против Австрија.

Обрван е добро познато име и во македонскиот ракомет затоа што тој беше предводник на нашата ракометна репрезентација во периодот од 2013 до 2016 година.

 

- Оглас -

Најнови вести